Прочка во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 18. 02. 2018, во Неделата на Адамовото изгонување од рајот (Сиропусна или Недела на простувањето), кога Светата Црква го празнува споменот на Светата маченичка Агатија; Светата маченичка Теодула; Свети Полиевкт, патријарх Цариградски – Прочка, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Истиот ден, во приквечерието во пресрет на Великиот пост, отец Владо отслужи и Вечерна богослужба со чинот на взаемно простување. На богослужението верниците си побараа прошка едни од други и меѓусебно се помирија.