Литургија на Претходно-осветени дарови во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 21. 02. 2018, во првата среда од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува споменот на Светиот великомаченик Теодор Стратилат; Светиот пророк Захарија; Свети Сава II, архиепископ Српски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Литургија на Претходно-осветени дарови.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.