Литургија на Претходно-осветени дарови во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 23. 03. 2018, во петокот од петтата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него; Светиот маченик Кодрат Никомидиски; Преподобната мајка Анастасија; (Акатист), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.