Литургија на Претходно-осветени дарови во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 30. 03. 2018, во петокот од шестата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Свети Алексиј човек Божји и Светиот маченик Марин, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.