Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 04. 02. 2018, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква ги празнува Собор на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

 

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Кондак

глас трети

 

Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно,

на зло го потрошив богатството што ми го предаде.

Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив

пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и,

како еден од Твоите наемници, направи ме.