Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14. 05. 2017 година, во 5 Недела по Воскресение (на Самарјанката), кога го празнуваме споменот на светиот пророк Еремија; преподобниот маченик Акакиј Влечкар и на светиот Пафнутиј Боровски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.