Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 02. 2018, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква ги празнува Собор на руските новомаченици и исповедници; Светиот апостол Тимотеј; Преподобниот маченик Анастасиј, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

Икос

Секој ден Спасителот ни зборува, за да нè

научи со Својот сопствен глас. Да слушнеме што

вели Писмото за блудниот (син), и со вера да

го подражаваме неговото добро покајание. На Оној

што ги знае тајните на сите, со смиреност на срцето

да извикаме: Ти згрешивме, Оче Штедар, и никогаш

не сме достојни да се наречеме чеда како порано. Но,

бидејќи си човек по природа, прими ме Ти и направи

ме како еден од Твоите наемници.