Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 21. 01. 2018, во неделата по Богојавление, кога Светата Црква ги празнува Свети Григориј, епископ Охридски; Светите маченици Јулијан и Василиса; Преподобен Георгиј Хозевит и Света Домника, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.