Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 11. 03. 2018 година, во третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, кога Светата Црква ги празнува свети Порфириј, епископ Гаски и светиот маченик Јован Калфа, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија.

Пред започнувањето на Литургијата, според типикот на светата православна црква, насреде храмот беше изнесен светиот Крст, а на сите кои му се поклонија, им беше доделено гранче босилок.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Кондак

глас седми

 

Вратата на рајот повеќе не ја чува пламениот меч,

зашто на негово место дојде крсното дрво; осилото на смртта отапе,

и победата на адот се протера, зашто Ти си застанал пред него, мој Спасителе,

викајќи им на оние во адот: Влезете пак во рајот.