Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)  

 

На крстот сета земја нека му се поклонува,

преку него таа научи да Ти се поклонува Тебе, Слове.

 

На 11. 03. 2018 година, во третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, кога Светата Црква ги празнува свети Порфириј, епископ Гаски и светиот маченик Јован Калфа, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести Светите Христови Тајни.

Пред започнувањето на Литургијата, според типикот на светата православна црква, насреде храмот беше изнесен светиот Крст, а на сите кои му се поклонија, им беше доделено гранче босилок.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.