Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 28. 01. 2018, во неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); Преподобен Гаврил Лесновски и Светиот маченик Пансофиј, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.