Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 28. 01. 2018, во неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); Преподобен Гаврил Лесновски и Светиот маченик Пансофиј, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.