Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 28. 01. 2018, во неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); Преподобен Гаврил Лесновски ; Светиот маченик Пансофиј, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.