Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 25. 02. 2018 година, во првата недела од Великиот пост – Неделата на Православието, кога Светата Црква ги празнува Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; Свети Алексиј, митрополит Московски; Преподобна Марија; Свети Антониј, патријарх Цариградски; Света Калија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.