Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 25. 03. 2018 година, во петтата недела од Великиот пост – Недела на света Марија Египетска, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Теофан Исповедник; Преподобен Симеон Нов Богослов; Свети Григориј Двоеслов, папа Римски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.