Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 18. 03. 2018 година, во четвртата недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога Светата Црква ги празнува Светиот маченик Конон Исавриски; Светиот маченик Конон Градинарот; Преподобен Исихиј Постник; Преподобен Марко Подвижник, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Свето евангелие според светиот апостол Марко

 

9:17-31

 

  1. Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов при Тебе сина ми, во кого има нем дух;
  2. и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на учениците Твои да го изгонат, но тие не можеа.”
  3. А Исус одговори и рече: „О, роде неверен, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!”
  4. И кога го доведоа кај Него – штом го виде, веднаш духот го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.
  5. Го праша Исус татка му: „Колку време има откако станува тоа со него?” Тој одговори: „Од детинство;
  6. и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби; но, ако можеш, смили се над нас и помогни ни!”
  7. А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш? Сe е можно за оној што верува!”
  8. И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!”
  9. А Исус, штом виде дека се собра многу народ, му забрани на нечистиот дух и му рече „Дух нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!”
  10. И кога извика, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво – така што мнозина велеа дека умрело.
  11. Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана.
  12. И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?”
  13. Им одговори: „Тој род си ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”
  14. И кога излегоа оттаму, минеа преку Галилеја; и Он не сакаше некој да разбере.
  15. Оти ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.