Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 18. 03. 2018 година, во четвртата недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога Светата Црква ги празнува Светиот маченик Конон Исавриски; Светиот маченик Конон Градинарот; Преподобен Исихиј Постник; Преподобен Марко Подвижник, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Тропар

Оче Јоване, кој на небесата засветли со добродетели,

а засаден на сигурна почва, набожно се искачи до неизмерната

длабочина на богосозерцанието; а откако ги победи лукавствата демонски,

ги штитиш луѓето од нивните напади, скало на добродетелите;

и сега се молиш да се спасат слугите твои.