Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 21. 01. 2018, во неделата по Богојавление, кога Светата Црква ги празнува Свети Григориј, епископ Охридски; Светите маченици Јулијан и Василиса; Преподобен Георгиј Хозевит и Света Домника, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.