Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 03. 2018 година, во втората недела од Великиот пост – Неделата на свети Григориј Палама, кога Светата Црква ги празнува светите апостоли Архип, Филимон и Апфија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.