Прочка во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 18. 02. 2018, во Неделата на Адамовото изгонување од рајот (Сиропусна или Недела на простувањето), кога Светата Црква го празнува споменот на Светата маченичка Агатија; Светата маченичка Теодула; Свети Полиевкт, патријарх Цариградски – Прочка, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојерејот – ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение со старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и взаемно си побараа прошка и си простија едни со други.