Прочка во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 18. 02. 2018, во Неделата на Адамовото изгонување од рајот (Сиропусна или Недела на простувањето), кога Светата Црква го празнува споменот на Светата маченичка Агатија; Светата маченичка Теодула; Свети Полиевкт, патријарх Цариградски – Прочка, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и взаемно си побараа прошка и си простија едни со други.