Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 20. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува празникот Собор на свети Јован Предвесник и Крстител и споменот на Светиот маченик Атанасиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Пo завршувањето нa Литургијата имаше трпеза на љубовта во храмовата сала.