Прославен празникот свети Наум Охридски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

 На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, , во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.