Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 09. 01. 2018 година, кога ги празнуваме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани;, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј Александар Ивановски заедно со старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.