Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 28. 05. 2017 година, во 7-та Недела по Воскресение (на Светите Отци на I Вселенски собор ), кога го празнуваме споменот на преподобниот Пахомиј Велики, на светиот Ахил, епископ Лариски, на преподобниот Силуан, како и на новоканонизираниот светител – светиот Гаврил Светогорец, епископ Велички,   во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.