За постот

Постот е древен дар, кој не слабее, не старее, туку постојано се обновува и цути со полна убавина. Постот ја праќа молитвата на небото, како на крилја, тој ја вознесува на својот возвишен пат. Постот е – напредок на домовите, мајка на здравјето, воспитувач на младоста, украс на старците, добар сопатник на патниците, сигурен сожител на тие што живеат заедно. Постот ги чува децата, на младите му дава поука, на …

Повечерие и веронаука во црковната општина„Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14.03. 2017 година (вторник),  кога се празнува споменот на преподобната маченичка Евдокија; преподобен Агапиј и на преподобната маченичка Антонина во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг се одржа повечерие и час по веронаука од страна на игуменот Гаврил (Галев), протојереј – ставрофор Ефтим Бетински и јерејот Климент Станковски, старешина на храмот. На предавањето присуствуваше голем број на верен народ.

Пресвета Богородица Скоропослушница ја посети Струмица и целата нашата Татковина

За тебе се радува, Благодатна, сета твар; ангелскиот собот и човечкиот род! И како би можеле да не се радуваат земните и небесните кога Твојата појава, Пречиста, насекаде причинува радост наднебесна?! Ете, со какви умешни и благодарствени слова би можеле ние, најмалите и недостојните, да ја искажеме сета онаа радоста сесвештена што денес Ти, Преславна, ја приреди за градот Струмица и за Татковината наша? Оти, со Твојата икона света, наречена …

Акатист кон преподобната и богоносна мајка наша Параскева

Кондак 1 Избрана од Господа да бидеш светол зрак на Црквата, преподобна мајко Параскево, со своето житие, на ангелите слично, на сиот свет му светиш како пресветло сонце и си се јавила како исцелителка на оние кои се во телесни и духовни болести. Затоа со вера ти пееме: Радуј се, Утехо на ожалостените, преподобна мајко наша Параскево! Икос 1 Покажувајќи ангелска ревност, достојна за восхит, си го украсила својот земен …