Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети Климент Охридски“ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, старешината на храмот јереј Радојчо Митрев отслужи утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ.

Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.