Литургија на Претходно-осветени дарови во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 02. 03. 2018, во петокот од втората недела на Великиот пост, кога Светата Црква го славиме споменот на Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.