Петровден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 12. 07. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше празнична утрена богослужба и Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.