Божествена литургија за празникот Свети Никола во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 19. 12. 2017 година, кога го празнуваме споменот свети Никола, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата беа благословени Славските колачи.