Преставници на Австралиско-сиднејската епархија ја посетија Македонската добротворна организација (MCWA)

На 15. 03. 2018 година, Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев) во придружба на презвитер Климент Станковски ја посетија Македонската добротворна организација (MCWA) која е една од најуспешените организации во Австралија и се занимава со помош и услуги, пред се на старите и изнемоштени луѓе во македонската заедница.

Во разговорот со главниот менаџер Диана Стерјовска и вработените на организацијата беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебните односи и соработка на организацијата со Епархијата. Во оваа прилика од страна на претставниците од Австралиско-сиднејската епархија  беше доделен од најновиот број на епархиското списание „Православие“.

Австралиско-сиднејската Епархија е секогаш отворена за соработка со вакви организации и за доброто на Македонскиот народ во Австралија.