Прославен храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На 28. 08. 2017 година,  кога се празнува празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија со што беше прославена храмовата слава.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.