Прва Божествена литургија на новиот свештеник во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 17. 12. 2017 година, во 28-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на Светата великомаченичка Варвара; Свети Јован Дамаскин; Свети Генадиј, архиепископ Новгородски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, архимандриот Гаврил (Галев) во сослужение на новодојдениот свештеник и старешина на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

Толкувајќи го денешното свето евангелие, архимандритот Гаврил, се обрати пред верниците, истакнувајќи дека спасението се здобива единствено во Светата Црква, активно учествувајќи во светотаинскиот и во литургискиот живот. Исто така укажа на значењето на послушанието како основна добродетел во духовниот живот преку која Бог делува во Црквата. Благодарение на послушанието лепрозните биле излекувани, а преку благодарењето стигнале и до спасението кое е суштината на животот, т.е. животот вечен.

Верните треба да имаат послушание кон своите духовници – епископите односно,  свештениците, а свештенството треба да го води народот. Не да биде над народот, туку пред народот. Црквата е брод кој плови преку разбрануваното море на овоземниот живот, а свештениците се кормилари кои треба да го приведат народот до пристаништето, а тоа е Царството Небесно.

Архимандротот Гаврил им соопшти на народот дека надлежниот Митрополит г. Тимотеј токму во лицето на о. Владо го испрати за нивни свештеник, духовен отец и како нивен кормилар да оди пред нив и да ги води кон целта.

Новиот парохиски свештеник, о. Владо Недески се престави пред народот и се заблагодари пред се на Бога за сите Негови добрини, па потоа и на Црковниот одбор на храмот „Света Петка“, на отец Гаврил за сета братска љубов и помош и на сите верници и парохијани и нагласи дека Црквата е Литургија, т.е. благодарење, како што и  Самарјанинот му заблагодарил на Бога. Храмот, т.е ѕидовите, тулите, не се Црква. Народот е Црквата. Затоа народот треба почесто и во поголем број да се собира на светата Литургија и да му се благодари на Бога зашто храмот без народ не е црква.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Оваа беше прва Литургија на новиот свештеник Владо Недески, на кој отец Гаврил заедно со Управата на МПЦО „Света Петка“ и мноштвото верни чеда му посакаа топло добредојде, но овој пат од вистинското евхаристиско собрание.

Управата и верниците со радост го прифатија отец Владо и се надеваат дека со неговото доаѓање ќе се стави крај на сите проблеми, кои долго време ги има нивната црковна општина. Истото така тие при оваа повторна средба со архимандритот Гаврил, кој претходно подолго време служеше во нивниот храм – му го честитаа новиот архимандритски чин.

Верниот народ го препозна својот пастир и пастирот го засака своето стадо. За многу години отец Владо. Овој народ заслужува пастир каков што си ти. Љубовта и разбирањето над се!