Работна акција во Црковната општина при храмот „Света вмч. Недела“ во Голд Кост (Квинзланд)

Црковниот одбор при Црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост (Квинзленд)  со благослов на Митрополитот г. Тимотеј и во соработка со верниците изминатиот викенд организираше работна акција со цел довршување на градежните активности во парохискиот храм во пресрет на приближувањето на големиот христијански празник Велигден.

Откако во изминатиот период од месец март се успеа да се измалтари фасадата на храмот – изминатиот викенд работната група се фокусираше на конечното довршување и белеење на фасадата на храмот со што тој доби нов изглед.  Исто така беше посветено внимание на внатрешноста на храмот со што се привршија скоро сите подготовки  околу престојната прослава на празникот над празниците Христовото Воскресение – Велигден.

Ве известуваме дека во нашиот храм, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски ќе богослужи по повод Велигденските празници. За богослужбената програма ќе бидете известени набрзо. Ве покануваме сите да земете активно учество на богослужбите – за подостојно одбележување на нашиот најголем празник.

Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите членови, кои низ времето допринеле за развој на нашата црковна општина, на учесниците во низата работни акции и на сите оние, кои на било кој начин допринесуваат за развиток на нашата црковна општина и за доброто на цела Македонска заедница во Голд Кост.

 

Известува:

Лазар Спировски