Се отпечати книгата „Света Божествена Литургија на свети Јован Златоуст“ – Хорска верзија / The Divine Liturgy of the saint Jonh Chrysostom – Choir version

По милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј – на 20 декември 2017 година се отпечати книгата „Света Божествена Литургија на свети Јован Златоуст“ – Хорска верзија / The Divine Liturgy of the saint Jonh Chrysostom – Choir version.

Книгата е хорска верзија и е наменета за употреба при Литургиските богослужби. Изданието е двојазично: на македонски и на англиски јазик. Освен свештеничките молитви, ги има и одговорите, кои народот ги пее за време на Литургијата. Оваа книга е одлично помагало не само на црковните певци и псалти, туку и на целиот Божји народ, кој треба активно да се вклучува и да учествува во богослужението.

Идејата за да се подготви и отпечати оваа книга произлезе од неопходните потреби за поактивно вклучување на народот Божји во богослужбено-литургискиот живот на Светата Црква, па поради тоа Епархискиот црковно-просветен совет на Австралиско-сиднејската епархија посвети внимание и формира посебна Комисија, која успеа да ја изработи и отпечати оваа книга, која се употребува во богослуженирто, односно во Литургијата.

Промоцијата на книгата се изврши на Македонскиот православен семинар, на 23. 12. 2017 година, кој се одржа во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк.

Книгата можете да го најдете во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија.Повеќе информации за книгата можете да добиете на следниот е-маил: mpcoau@gmail.com.

 На крај, на Комисијата која работеше на составувањето на оваа книга им честитаме и им посакуваме уште плодна и успешна работа во иднина.

 

Со почит,

Епархиски црковно-просветен совет

(ЕЦПС)