Служба на светите и спасителни Христови страдања во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.

На службата учество зеде мноштво верен народ.

 

Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се обелкува Оној што небото го облекува со облаци; шлакациници прима Оној што во Јордан го ослободи Адама; со клинци се приковува црковниот Младоженец; со копје се прободе Синот на Дева: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, покажи ни го славното Твое воскресение.