Служба на светите и спасителни Христови страдања во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)  

На 13. 04. 2017 година,  во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски ја отслужи службата на светите и спасителни Христови страдања.

На службата, учество зеде мноштво верен народ.

 

Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се обелкува Оној што небото го облекува со облаци; шлакациници прима Оној што во Јордан го ослободи Адама; со клинци се приковува црковниот Младоженец; со копје се прободе Синот на Дева: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, покажи ни го славното Твое воскресение.