Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 24. 02. 2018, во саботата од првата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го празнува празникот Тодорова сабота и споменот на Светиот свештеномаченик Власиј; +Светиот маченик Георгиј Кратовски и Света Теодора, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.