Tоржествено прославен празникот Свети Никола во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 19. 12. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Свети Никола, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, архимандриот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

Свештенството заедно со верниот народ пред почетокот на Литургијата свечено ги пречекаа светите нетлени мошти од свети Игнатиј Богоносец и на свети Василиј Велики, кои ги испрати сестра Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир од Македонија, за добриот прием, кој го имаше пред неколку месеци кога беше во посета на Сиднеј.

Верните со радост се поклонија на светите мошти и ги упатија своите молитви кон светиите.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата беа благословени Славските колачи.