Tрета недела од Великиот пост во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)  

 

На Твојот крст се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го воспеваме и славиме!

 На 19.03. 2017 година,  во Третата недела од Великиот пост – посветена на Честниот Крст, кога се празнува споменот на светите Четириесет и двајца маченици од Амореа; блажениот Јов и светите маченици Канон таткото и Канон синот, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.