Tрета недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На Твојот крст се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го  славиме!

 На 19.03. 2017 година,  во Третата Недела од Великиот пост – посветена на Честниот Крст, кога се празнува споменот на светите Четириесет и двајца маченици од Амореа; блажениот Јов и светите маченици Канон таткото и Канон синот, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.