Tрета недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На Твојот крст се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го славиме!

 

На 19.03. 2017 година,  во Tретата Недела од Великиот пост – посветена на Честниот Крст, кога се празнува споменот на светите Четириесет и двајца маченици од Амореа; блажениот Јов и светите маченици Канон таткото и Канон синот, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.