Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Слава на Твоето долготрпение Господи!

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.
На богослужението учество зеде мноштво верен народ.