Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети пророк Илија“ во Квинбијан  (Нов Јужен Велс)

 Ангелите се зачудија од страшната глетка а земјата го прима во себе оној што сите ги прима во царството на Отецот

 

На 06. 04. 2018 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев во сослужение со јереј Јане Митев отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.