Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 06. 04. 2018 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојереј Станко Јовановски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.