Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

На службата учество зеде мноштво верен народ.

 Јосиф, откако го испроси од Пилата чесното тело, со чиста плаштаница го завиткува, и со божествени мириси го миропомазува и во нов гроб го полага. Затоа жените мироносици, откако поранија, извикаа: Покажи ни го, Христе, воскресението, како што си претскажал.