Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Климент Охридски“ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

На 13. 04. 2017 година, во светиот и Велики Четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Канбера, старешината на храмот јереј Радојчо Митрев отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ.