Четврта недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)  

 

На 26. 03. 2017 година,  во Четвртата недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Преносот на моштите на свети Никифор, патријарх Цариградски; света маченичка Кристина Персијанка и на светиот свештеномаченик Публиј, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.