Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 04. 03. 2018 година, во втората недела од Великиот пост – Неделата на свети Григориј Палама, кога Светата Црква ги празнува светите апостоли Архип, Филимон и Апфија, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, Неговото Високопреподобие Архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, jерејот Игор Младеновски, служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.