Вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 08. 12. 2017 година, во навечерието на празникот Свети Георгиј, односно на споменот од Осветувањето на храмот на свети Георгиј во Киев (1051-1054), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба со што започна празнувањето на храмовата слава.

На Вечерната богослужба присуствуваше верен народ.